Георгиевски, Ангелов, Бошкоски, Балковски и Велковски во Тетово

Носителите на изборните листи на ВМРО за Македонија, Зоран Велковски, Љупчо Балковски, Љубе Бошкоски, Љубчо Георгевски и Стојанче Ангелов во вторник беа во Тетово.

На средби со тие презентираа дел од програмата на ВМРО за МАКЕДОНИЈА и истакнаа дека нивен приоритет е решавањето на проблемот со тетовската гимназија, загадувањето и депонијата, отворање на прашањето за децентрализација, секое село – општина.