
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во среда ќе присуствува на дваесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) кој ќе се оддржи во Сплит, Република Хрватска.
Главна тема на дваесеттата Конференција на НГШ на армиите од земјите членки на А5 ќе биде „Подобрување на интероперабилноста и заеднички приод кон партнерските цели/ целни можности преку комбинирана обука и вежба“.
За време на Конференцијата генералот Величковски ќе има свое обраќање, а ќе оствари и повеќе билатерални средби со учесниците.
На конференцијата покрај началниците на ГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба ( Македонија, Хрватска , Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) ќе учествуваат и претставници од европската команда на армијата на САД, командата на НАТО во Неапол и командантите на националните гарди од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5. Како набљудувачи ќе присуствуваат НГШ на ВС на Словенија и командантот на косовските безбедносни сили.





