
Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, заедно со делегација од Министерството, во среда ќе присуствува во официјална посета на Косово.
За време на посетата, заменик-министерот ќе оствари средби со министерот на Косовските безбедносни сили, Хаки Демоли, заменик-министерот Мухамет Латифи, генералниот секретар во Министерството, Шкелзен Сиљај, како и со командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-полковник Рахман Рама.
Воедно, заменик-министерот ќе го посети и Центарот за универзитетски студии во касарната „Адем Јашари“ во Приштина, Косово.





