СДСМ: Македонија има најлоша буџетска транспарентност во регионот

Десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија направи земја која има најнетранспарентен буџет во регионот, сметаат од најголемата опозициска партија СДСМ, а ова го потврди и извештајот за „Отворен Буџет 2015“ на Меѓународното буџетско партнерство кое Македонија ја рангираше на дното на светската ранг листа во друштво со Мароко, Руанда и Зимбавбе.

„Ваквото рангирање не е изненадување ако се знае фактот дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и сите институции раководени од кадри на владеачката партија со години ги кријат буџетските приходи и расходи, со особен акцент на јавниот долг кој никогаш не беше точно прикажан.  Десет години граѓаните ги плаќаа долговите кои власта ги правеше преку преплатени проекти како Скопје 2014 за кој се уште не се знае крајната цена“, додаваат од партијата.

Порачаа дека ваквата арогантност и неотчетност на власта завршува на 11 декември. Граѓаните ќе стават крај на расипничкото трошење буџетски пари.