Бошкоски: Вмровците се враќаат во матичната партија

Ова што го гледаме тука во Струга е доказ дека вмровците се враќаат во матичната партија, вмровците веруваат во нашиот и единствен лидер на ВМРО, Љубчо Георгиевски, и мислам дека победата е на прагот, рече восредата Љубе Бошкоски од ВМРО за Македонија носител на кандидатската листа во Изборната единциа 5.

Претставниците на Коалицијата ВМРО за Македонија во средата ги посетија Струга и Вевчани, каде ја промовираа предизборната платформа, а во Струга беше отворен и изборен штаб.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ги повика граѓаните во Изборна единица 5 да гласаат за братот Љубе Бошкоски и за коалицијата ВМРО за Македонија и рече дека очекува нивната коалиција тука да биде најголемо изненадување.

Георгиевски и Бошковски  од стружани побараа доверба  за  15 пратеници кои според нив ќе работат за подобра економска состојба на граѓаните.