
На овој народ не му треба широка коалиција, туку крај на кризата и стабилна влада, остануваат уште десетина денови до крајот на кампањата, а потоа следува историска победа за оние кои ветуваат и исполнуваат, кои им помагаат на земјоделците, прават реформи во сите сфери и сакаат земјата да ја внесат во ЕУ и НАТО изјави на предизборниот собир во средата во Виница Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ која ја води коацијата „За подобра Македонија“, победа за Република Македонија.
„Единаесетти декември ќе биде денот кога СДСМ ќе го прокнижи десеттиот пораз. Десеттиот по ред пораз од мнозинството граѓани на Македонија“, рече Груевски додавајќи дека опозициската коалиција предводена од социјалдемократите се надеваат на тесен изборен порази и формирање на ткн широка коалција во владата.
„По сето што го сторија, СДСМ сега се во депресивна состојба и затоа им продаваат таква приказна на своите членови. Паралелно се обидуваат да ги убедат и странците за широка коалиција, дека тоа е добро. Замислете со што се знаимаваат СДСМ, наместо да се доближат до народот“, констатираше челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски порача дека разликата вогласовите нема да изнесувала седум/осум мандати, туку „ќе биде огромна победа, пое која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција“.
„Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите“, додаде Груевски.
Повторно изрази надежи дека гласачите ќе ѝ доверат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 63 пратенички мандата.
„Разликата ќе биде огромна, но многу е важно да биде со 63 места во парламентот. На овој народ му треба крај на кризата и стабилна влада“, порача Груевски.
Рече дека владата што ја предводеше и во најтешката економска криза успеала да ги зголемиме пензиите, да дава субвенции и да реконструира патишта.
„Онаа власт којашто си го потценува народот, ветува сé од ракав, не ни е потребна, ни требаат луѓе кои ја водат државата кон ЕУ и НАТО, влада којашто не се согласува со виткање на кичмата на Зоран Заев, за кантонизација и за проширување на рамковниот договор, нас ни е потребна стабилизација и економски напредок на државата. Да си останеме концентрирани на нашите напори за градење на Македонија, растење на пензиите, економијата, носење на инвестиции, уште повеќе иако сме на десетото место и за отворање на нови работни места“, истакна Груевски.
Потенцираше дека во изминатите десет години на власт успеале да отворат 39.000 нови работни места во регионот, од вкупно отворени над 160.000 работни места, како и дека невработеноста е намалена од 38,7 на 24 отсто, а истовремено земјоделците биле помогнати 150 милиони евра годишно субвенционирање.
„И во најтешки времиња успеавме да им дадеме субвенции од 50/50 на земјоделците за да можат да купат трактори, успеавме да донесеме над 2 милијарди евра пари од странски директни инвестиции, во најтешко време успеавме да обезбедиме кредит во вредност од 350 милиони евра со каматна стапка од пет ипол проценти за македонските фирми да ја преживеат и светската криза и европската криза и домашната политичка криза. Изградивме и реконструиравме 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа.
Ги зголемивме пензиите на пензионерите за 70 проценти од просечната пензија, а над 90 проценти од минималната пензија. А ги реализиравме и проектите за банско-климатска рекреација на пензионерите, воведовме минимална плата под која не смее да се дава плата во Македонија и до 2020 година таа ќе изнесува 14.000 денари“, истакна меѓу другото Груевски.





