Ахмети: ДУИ е непоразена сила

ДУИ е непоразена сила, сила што победува меѓутоа, ние не сакаме победа како победа, ние сакаме значаен мандат со кој ќе можат да се надминат прашањата кои навистина бараат имунитет.

Ова во среда вечер во Мала Речица го порача лидерот на ДУИ Али Ахмети, при тоа додавајќи дека партијата што тој ја води, ќе продолжи со мировната „битка“ со сите кругови што не им посакуваат добро на Албанците.

Ахмети се осврна и на проблемот со името.

„Проблемот за прашањето на името изискува разбирање внатре во државите, како што е спорот со грчката страна или пак бугарската. Ние сме се обиделе какао ДУИ да не бидеме само набљудувачи, туку сме се вклучиле на активен начин за решавање на овие проблеми. Лесно е да бегаш од фронтот и нема ништо полесно од вртењето на грбот на бурата. Ние останавме актери во овие настани, во овие големи развои затоа и излеговме успешни од овие преговори“, изјави претседателот на ДУИ и носител на изборната листа во Изборната единица број 6, Али Ахмети.

Шефот на Централниот зборен штаб, Беким Незири, пред жителите на Мала Речица рече дека на Албанците (ДУИ), работата им е добра, меѓутоа, ќе биде уште подобро доколку на 11 декември, во Изборната единица број 6 добијат 10 или повеќе пратеници.

Пред симпатизерите на ДУИ во Мала Речица, говореше и кандидатката за пратеник од Изборната единица број 6, Шпреса Хадри. Таа вети дека ДУИ ќе продолжи со придонесот за благосостојбата на Албанците.

„Ние ќе продолжиме со реализација на нашата платформа, со продолжување на инвестициите во слободната економска зона, со капитални инвестиции во Попова Шапка и економскиот развој на планинскиот дел и регионот во целост. Идната недела ќе почне реализацијата на проектот за гасификација на Полог,“ изјави Шпреса Хадри, кандидат за пратеник од Изборната единица број 6.

На присутните им се обрати и градоначалникот на Тетово, Теута Арифи и заменик претседателот на Влада, Фестим Халили.

ДУИ во четврток кампањата ќе ја продолжи во Дебар и околината.