
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во среда вечер во Берово соопшти пет точки од Планот за живот во Македонија.
„Точка 1. Ќе земате повисока плата! Гарантирам, просечна плата до 30.000 денари, минимална до 16.000 денари за сите! Точка 2. Домашните фирми финансиски ќе ги поддржиме со 140 милиони евра! Така ќе се отворат нови работни места. Младите тука да работат. Точка 3. Ќе ги насочиме сите пари кај граѓаните. Еден пример, на секој од вас ќе враќаме по 15 проценти од платениот данок од потрошувачките сметки. Тоа е плата плус годишно во секое семејство. Точка 4. Институциите ќе работат само исклучиво за граѓаните. Како? Еве уште еден пример – ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите! Ничие здравје да не зависи од тоа дали има или нема пари. И точка 5. Ќе има правда“, рече Заев.
Тој додаде дека просечна плата од 30.000 денари, две просечни плати во семејство на двајца возрасни – 60.000 денари ќе го олеснат животот на граѓаните.





