
Во изминатите десет години е инсталирана ткн „југоМакедонија“ од страна на оние кои себеси се нарекуваат вмровци, но Коалицијата ВМРО за Македонија ќе им го врати ВМРО на вмровците, порача во четвртокот од Велес, челникот на опозицската партија Обединетит за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски.
„Македонија цели 25 години е држава во која треба да владеат демократијата, правдата и да се почитуваат човековите права. Но, по 25 години самостојна Македонија ние слободно можеме да констатираме дека во Македонија е комплетно напуштена идеологијата на ВМРО откако со Љубчо Георгиевски ние кажавме за каква Македонија се бориме. За овие десет години во Македонија е инсталирана југоМакедонија од страна на оние кои себеси се нарекуваат вмровци. Во овие десет години Македонија почна да се гради со стар материјал, поточно удбаши и нивните наследници. Од таков материјал не може да се гради Република Македонија. Затоа оваа коалиција сака да каже стоп на југоМакедонија. Сакаме да живееме во демократска и суверена Македонија“, рече Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи во периодот од конфликтот од 2011 година.
Бошкоски додаде дека учеството на оваа коалиција на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември е со намера да им се врати ВМРО на вмровците.
Претходно челникот на третата партија во оваа коалиција (Достинство) Стојанче Ангелов, рече дека отворените две албански паралелки во гимназијата во Велес се сериозен проблем на граѓаните кои живеат во градот, во централна Македонија, бидејќи во училиштето не се образуваат албански граѓани кои живеат во градот, туку донесените од соседната општина Чашка. Ова, според носителот на листата со пратеници во Изборнате единица 3 на Коалицијата ВМРО за Македонија, е еден од суштествените проблеми на велешани.
„Сметаме дека нема потреба велешани да гледаат Албанки како забулени шетаат низ градот. Ние сме за религиска слобода. меѓутоа, сметаме дека треба да се внимава на вакви појави, бидејќи Велес е и срцето на Македонија. Како коалиција ние постојано зборуваме и за употребата на албанскиот јазик. Сметаме дека онаму каде што има повеќе од 20 отсто Албанци јазикот е нормално да се користи, според Уставот и законите во Република Македонија, но онаму каде што тие се помалку, сметаме дека не треба да се користи албанскиот јазик“, рече Ангелов. Вети на собирот со поддржувачите дека Коалицијата ВМРО за Македонија по влегувањето во Собранието ќе се залага да се отвори широк дијалог со граѓаните за да се изедначат со Уставот без разлика на нивната верска и етничка слобода.
Додаде дека окму во времето на владеењето на Никола Груевски и ДУИ во градот се затворени нов број на фабрики. „Повеќе фабрики се затворени во Велес, и тоа токму во владеењето на Никола Груевски, како што се ‘Киро Ќучук’, ‘Жито Вардар’, а и ‘Благој Ѓорев’ е пред затворање, поточно вештачки се одржува во живот“, додаде Ангелов.
Челницитена коалицијата престојот во Велес го најавија како продолжување на „победничката турнеја“ и давање оддршка на нивниот носител и на кандидатите за пратеници на листата во изборната единица 3.
Бошкоски притоа истакна дека пратеничката листа ја предводи чесен човек и патриот кој во 2001 година бил подготвен да го даде животот за Македонија, па затоа граѓаните треба да му дадат поддршка за да ги одбрани интересите на бранителите во македонскиот парламент како и сите интереси на граѓаните од третата изборна единица.





