
Погрешните политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ направи состојбите во македонскиот аграр да бидат катастрофални.
Задоцнети субвенции, скапи репроматеријали особено нафта, нерешен пласман на земјоделските производи и сиромашни земјоделци.Оваа состојба мора да се промени. Ова уништување на македонскиот аграр мора да запре.
После 11ти Декември, новата влада предводена од СДСМ ќе покаже грижа за земјоделците и вкупното земјоделско производство.
Прва и главна мерка се редовните субвенции кои земјоделците ќе ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.
Потоа ќе воведеме зелена нафта или земјоделците ќе користат 50% поефтина нафта од онаа што сега ја купуваат на бензинските пумпи.
Исто така ќе обезбедиме и поквалитетни и поефтини заштитни средства и ѓубрива.
Меѓу најважните мерки е обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и навремено плаќање од страна на откупувачите и трговците.
Ќе исправиме уште една неправда преку ревизија на поделбата на државната земјоделска земја и таа ќе се врати во рацете на вистинските земјоделци.
Ќе инвестираме и 10 милиони евра годишно во системи за наводнување. Уште една важна мерка е ослободување на земјоделците од плаќање на персонален данок.
Нашиот план е да овозможиме достоинствен живот на сите земјоделци, да го вратиме животот во селата, да го вратиме животот во Македонија!





