Сончево со мала до умерена облачност

Времето во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Повеќе облачност ќе има во јужните делови, особено до вторник. Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.