
Уште само седум дена до големата победа, која ја очекуваме и која доаѓа, големата историска победа, чоја ќе биде голема не само според резултатот, туку и поради противникот и неговите планови, уште 7 дена и државата си ја враќа сета своја самостојност и сувереност и народот ќе покаже на сите кој е и во што верува, вака го започна обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ на митингот во Радовиш, а по неколку часа се обрати и од Струмица.
„Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испаднаа дека не постојат. Две ипол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата. Кризата полека се движи кон својот крај. Но нејзиниот крај ќе биде убедлив само ако имаме 63 пратеници и ќе се стави крајот на мрачни сценарија за нашата држава“, рече Груевски.
Пред радовишани Груевски рече дека сценаристите кои ја смислиле кризата не можат да се помират затоа што нивниот план не успева, иако постојано се прават обиди за продолжување на кризата.
„Смислуваа заедничка коалиција, смислуваа анкети и деновите одминуваат, а доаѓа денот на големата победата на македонскиот народ , на Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците ….на сите граѓани на Македонија. Лажеа два милина луѓе дека има фантомски гласачи. Последната надеж им е во разни лаги и ветување на се и сешто, ветувања извадени од ракав, без размислување што потоа кога нема да може да се исполни тоа. Ветуваат враќање на ДДВ, ама народот пресмета. Зошто си погруваат со нашиот народ? Си поигруваат со судбините и емоциите на посиромашните граѓани и го потценуваат капацитетот на сопствениот народ, истиот оној народ од кој бараат да дојдат на власт“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски го обвини лидерот на опозицијата Зоран Заев со кого директно ќе се соочи во Изборната единица 4, дека шири многу лаги и како примери ги посочи носењето странски инвестиции, зголемувањето на просечната плата и враќањето на ДДВ.
„Приказната дека ќе донеле многу инвестиции, ќе ги врателе луѓето во Македонија бидејќи Заев ќе донел толку инвестиции што нема да има работници во Македонија. Да беше нов во политикат,а ќе му веруваа, но Заев 11 години е во политиката. Во тие 11 и пол години не донесе ниту една крупна инвестиција во својата општина. Па тој не може во Струмица да донесе, а не пак во Куманово, Штип и другите места. Подобро ќе поминеше ако одеше чесно и ако кажеше нешто реално“, заклучи Груевски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата „сериозно“ ќе расте, единствено на начинот на кој работела неговата влада, со привлекување инвестиции, намалување на даноците и охрабрување на домашните стопанственици.
За Груевски нема сомнение дека граѓаните на 11-ти декември ќе ја одберат Македонија, а не „некој сценарист од надвор кој стои зад Заев“.Одлуката за гласање на овие избори е многу едноставна, но е историска и многу значајна, порача.
„На една страна вели тој има политичка партија која работи, се грижи за граѓаните за зголемување на пензии, социјална помош, која носи инвеститори и отвора нови работни места, се труди ја зајакне државата. И друга политичка партија која се здружува со разни криминално разузнавачи структури и се става во нивни раце а за возврат бара само да ги донесат на власт. Тоа знам дека нема да го добијат, затоа што колку и да изгледа одлуката комплицирана, во суштина е многу едноставна. Народот ќе одбере реформи, создавање работни места, зголемување ена стандард поддршка на земјоделците. Граѓаните ќе ја одберат Македонија а не некој сценарист“, рече Груевски.
Подвлече дека едната одлука е за секој поединечно и за неговото семејство, а другата е за Македонија.
За својот противник Груевски обивни дека се збогатил откако стана градоначалник и станал милионер „со лаги, интриги и делење тендери на фамилијата“.
„Се сеќавате на случајот Цареви Кули? Законот за легализација се донесе во 2009 година и предвиде дека сите нелегално изградни објекти може да се реализираат за 1 евро квадрат. Заев тогаш договори да се почне со градба на Цареви Кули. Сакаа да не платат комуналии со што направија голема зашета. Заев како градоначалник запиша дека Цареви Кули се изградени пред донесувањето за законот. Заборави само една работа, дека Гугл мапс прави фотографии секои 6 месеци. Па сликано е како било пред законот и како било по донесувањето на законот на местото на Цареви Кули, се виде дека објектот се градел по донесувањето на законот. Таков ли човек да ги добие државните финансии? Македонија ќе се спротивстави на 11 декември и нема да го дозволи тоа, рече Груевски.
Потсети и за случајот Глобал, за кој поранешниот претседател Бранко Црвенковски, го аболицираше Заев.
„За Глобал беше покрената постапка, а Заев тогаш тврдеше дека тоа се политички местенки и реваншизам. Излезе и кажа дека не барал аболиција. Една година потоа беше изгласан законот за легализација на диви градби. Сопственикот на Глобал побара да биде легализирано земјиштето, а Зоран Заев ја потпиша легализацијата. Човекот кој една година претходно велеше дека Глобал нема криминал. Таков човек ли да ја води Македонија. Јас сум сигурен дека народот нема да го дозволи тоа“, запраша Груевски.
Груевски во продолжение вети грантови за компаниите кои ќе ги рестартираат фабриките жртви на транзицијата, Посочи дека вкупните странски инвестиции во Македонија во минатотото изнесувале над две милијарди евра, а во време кога дошле на власт извозот бил само една милијарда, а оти по десет години изнесува повеќе од четири милијарди евра.
Истакна дека оние кои сакаат да ги рестартираат старите фабрики ќе бодијат неколку поволности, ќе добијат грантови од по 2.000 евра и ќе плаќаат намалени даноци, а со оваа мерка би ја подобриле невработеноста од времето на транзицијата на СДСМ.
„Имаме и проект наречен од град во село, во овој проект се нуди на граѓаните 6.000 евра како почетна помош доколку сакаат да купат куќа надвор од градот и да отпочнат бизнис. Ќе имаме и проекти за младите, за младите никогаш досега немало кредит кои го дава државата за младите да можат да купат куќа, стан не постари од 35 години. А кредитот ќе го враќа државата со учество на самите купувачи. Ќе се градат и шест експресни патишна, 140 училишта ќе се реновираат, а ќе се изградат и нови 78 спортски сали, за студентите на државните факултети ќе се намали финансирањето. За сите студенти на државните факултети кои потекнуваат од загрозени семејства или семејства со еден родител ќе се даваат стипендии“, истакна Груевски.
Груевски потенцираше дека во Радовиш се отвориле 2.300 нови работни места, се завршија повеќе локални патишта како и магистрални патишта. Исто така се изградија неколку мостови, се изградија четири нови училишта како и се направи реконструкција на 8 други училишта. Се направија и спортска сала, како и здравствениот дом е беше реновиран, а во иднина следува експресен пат помеѓу Радовиш и Штип. Вети и отворање две нови градини, дневен престој за старите лица, како и за лицата со посебни потреби, кошаркарски игралишта како и ски терени на Плачковица.





