Кирацовски ги разоткрива злоупотребите на администрацијата во партиски цели

Да си ја гледаат својата работа, а не да бидат маша во рацете на криминалната власт, им порача Александар Кирацовски, дополнителниот заменик – министер за информатичко општество и јавна администрација на директорите на училиштата и здравствените домови во Битола и Прилеп.

Кирацовски, во вторник беше во посета на повеќе институции – средни и основни училишта и Домот за доенчиња во Битола и Заводот за здравствена заштита Прилеп, поттикнат од големиот број информации за злоупотреба на службената положба и ставање на истата во функција на владејачката партија.

„Пријавите кои доаѓаат се и од вработените и од родителите, а и од учениците! Имено во сите овие институции се вршел и се уште се врши притисок врз вработените истите да бидат кворум на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и да собираат по неколку сигурни гласачи. Една од директорките на едно средно училиште ги наведувала дури и учениците – малолетници на партиски активности и тоа за време на настава. Јасно им порачав на раководителите – Веднаш да прекинат со глупостите и да си ја гледаат работата за која земаат плата“, рече Кирацовски.

Им порача да не бидат маша во рацете на криминалната власт, затоа што никој нема да ги спаси од одговорноста.