Анкета: Најтесно во 1 ИЕ, разликата меѓу Пендаровски и Попоски 6 отсто

Додека во пет изборни едници, граѓаните повеќе се одлучуваат да го поддржат носителот на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, во првата изборна единица, таа разлика меѓу кандодатот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски е само шест отсто, покажа анкетата на институтот „Павел Шатев“.

Имено За Попоски би гласале 35,8 отсто од испитаниците, додека за Стево Пендаровски се одлучиле 19,4 отсто.

Во втората изборна единица, Никола Тодоров (26,1 отсто) од ВМРО-ДПМНЕ е во предност со околу 12 отсто, пред Оливер Спасовски (14,7 отсто) од СДСМ.

Речиси 20 отсто е разликата во третата изборна единица, каде за Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 38,6 отсто од испитаниците, додека за Љупчо Николовски од СДСМ  се одлучиле 18,6 отсто.

Четворката која е резервирана за лидерите на партиите покажува разлика од речиси 14 отсто во корист на Никола Груевски (36,1 отсто) од ВМРО-ДПМНЕ, пред Зоран Заев, лидерот на СДСМ за кого би гласале 22,3 отсто од испитаниците.

Во петтата изборна единица за Радмила Шекеринска од СДСМ се изјасниле дека ќе гласаат 18,2 отсто, а за Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ 29,3 отсто.

Слаба е поддршката за кандидатите на овие две партии во шестата изборна единица, но тоа е очекувано ако се знае дека процентот на албанските гласачи во оваа изборна единица е поголем, па така за Петре Шилегов од СДСМ би гласале 4 отсто, додека за Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ 10,4 отсто.

На ниво на цела Македонија во сите шест изборни единици, предноста е на страната на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или 27,8 отсто, наспроти Коалицијата преводена о д СДСМ, која ја има поддршката од 16,2 отсто од испитаниците.

Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 30 ноември и 2 декември 2016 година од Институтот „Павел Шатев“ телефонски на примерок од 1.090 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.