
Сега веќе поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1- Скопје, иако е заминат на годишен одмор, во вторник се појавил во судот, од каде зема документација.
Вработените се изненадени од појавувањето на Панчевски и неговиот однос кон нив.
Според кажувања на вработените Владимир Панчевски се однесувал како се уште да е претседател на судот, иако неговиот мандат истече во неделата, а од вчера в.д. претседател е судијката Татјаана Михајлова.
Вработените во судот велат дека никој не знае какви документи бара Панчевски кој од вчера е на тринеделен одмор.





