Тодоров: Зголемување на еднократната парична помош за децата без родители

Комплетна реконструкција на сите амбуланти во градот Скопје кои што се во рамки на Здравствениот дом во Скопје, најави во вторник носителот на ИЕ 2 Никола Тодоров, од Коалицијата за подобра Македонија.

Тој додаде дека овој проект е во вредност од 200 милиони денари.

„Предвидуваме комплетно нова амбуланта во Ѓорче Петров. Амбулантата во Ѓорче Петров е дотраена и стара и нема посериозни реновирања од моментот кога е изградена и имајќи ја во предвид многу лошата инфраструктурна состојба во која што се наоѓа амбулантата решивме во новата програма да предвидиме комплетно нова амбуланта. Со програмата се предвидува и зголемување на додатокот за деца со пречки во развојот и тоа за 20% во период од 4 години. Првото зголемување ќе биде 10% во 2018 година а второто зголемување исто од 10% во 2020 година“, рече Тодоров.

Додаде и дека се предвидува и зголемување на еднократната парична помош за децата без родители и тоа зголемување за 50%, па од досегашните 180 000 денари на 270 000 денари.