
Знаев дека се прислушува, изјави во интервју за ТВ 21 Али Ахмети, претседател на Демократската унија на интеграција(ДУИ).
Според него, во Македонија сите прислушувале и не може да се амнестираат ни ВМРО, ниту СДСМ.
„За ова зборував и со тогашните власти, со Бранко Црвенковски и со Хари Костов. Не знам колкава е бројката на прислушувани лица. Свесен сум дека во секоја држава се прислушува, ама државата има механизми како тоа прислушување да биде легално. А тоа е со налог на судот“, рече Ахмети, при тоа додавајќи дека не се лути, ниту, пак, е гневен затоа што, како што рече, за него прислушувањето не е ништо ново.





