
Сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. По котлините ќе има услови за претпладневна слаба магла..
Утринската температура ќе се движи од -9 до 0 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и опаѓање на дневната температура.





