Судскиот совет на затворена седница ги оценувал сите судии од Основниот суд Скопје1

Судскиот совет на Република Македонија, на затворена седница, извршил оценување на сите судии од Основниот суд Скопје1-Скопје.

Судскиот совет не кажува зошто предмет на оценување биле само од скопскиот суд и зошто оценките и бодувањата се однесуваат за само осум месеци во 2015 година.

Според информации до кои дојде “Макфакс”, Судскиот совет извршил одредени корекции при бодувањето кај судијата Иван Џолев, еден од тројцата претенденти за претседател на скопскиот кривичен суд. Низ судските кулоари се шпекулира дека намалувањето на бројот на бодовите кај судијата Џолев било направено за да му се овозможи на сега веќе поранешниот претседател Владимир Панчевски да биде конкурентен во трката за нов претседател, бидејќи тој, за разлика од судијата Џолев и Владимир Туфегџиќ, кој во меѓувреме ја повлече кандидатурата, има најниска оценка- “тројка”.

Инаку, денеска во скопска единица имаше и дополнителна нервоза која била предизвикана од пад на системот со кој се врши електронско доделување на предмети по судии.