Заев: Федерализација нема да има, ќе има конфискација

Федерализација нема да има, но конфискација ќе има, порача во петок вечер од Арачиново претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Измислуваат федерализација и кантонизација- лажат, ќе има конфискација, сѐ што ви украдоа, сѐ ќе ви вратат. Очите  на целиот свет се вперени во Македонија. Ќе видат на 11 декември  дека е можно заедно да сме здружени и сплотени и победничка Македонија да испрати порака за соживот и живот“,  рече меѓу другото Заев.