
Сите кои делеле по 1.000 денари на Ромите се заклучени во општинската зграда во Кавадарци, потврди полицијата.
Полицијата интервенираше откако во текот на денот Ром од Кавадарци пријавил дека градоначалникот Александар Панов му нудел 1.000 денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на изборите во недела.
Во изјава за телевизијата Телма, Панов ги негираше ваквите обвинувања, при тоа додавајќи дека опозицијата е таa што пушта гласини дека некој им делел пари на Ромите да гласаат за владејачката партија.
За случајот е известено и обвинителството кое треба да ја води истрагата.





