Актуелниот шампион на Англија го декласира Манчестер Сити во дербиот на 15.коло во Премиерлигата. Сабтните натпреари во Премиерлигата беа исклучително ефикасни, на шест среби беа постигнати 29 голови, безмалку пет по натпревар.
Требаше да поминат 15 кола во Премиерлигата за Лестер да потсети на шампионските изданија од минатата сезона. Шампионот за само 20 минути го нокаутира скапиот тим на Пеп Гвардиола, а во триумфот 4:2 три гола постигна Џејми Варди.
Варди пвиот гол го постигна по само 120 секунди игра, по додавањето на Слимани. Алжирецот запиша асистенција и во петтата минута кога Кинг од работ на шеснаесетникот го совлада Браво.
Англискиот репрезентативец го прекина голгетерскиот пост кој траеше 16 натпревари.
Целата приказна заврши во 20.минута кога Марез му асистираше на Варди кој со својот втор гол зголеми на 3:0.
Сити во најголемиот дел од натпреварот го имаше поседот на топката, но секоја контра на Лестер создаваше паника во одбраната на Сити.
Во 72.минута Стонс почетнички згреши, неговото додавање кон голамнот го пречесе Варди кој го комплетира хет трикот за 4:0. Интересно, ова беше првиот хет трик за Варди во Премиерлигата и прв по пауза од четири години, кога три гола постигна во натпревар од Четвртата дивизија.
Во финишот, во последните осум минути успеа да ја спаси честа, најпрвин Коларов постигна прекрасен гол од слободен уар, а потоа српскиот репрезентативец му асистираше на Нолито кој го постави конечниот резултат.
Триумфот над Сити беше четврти во сезоната за Лестер, додека тимот на Гвардиола го забележа третиот пораз во сезоната, втор во низа откако во минатото коло загуби од Челзи.
Резултати 15.коло:
Вотфорд-Евертон 3:2
Арсенал-Стоук 3:1
Барнли-Борнмут 3:2
Хал-Кристал Палас 3:3
Свонси-Сандерленд 3:0
Лестер-Манчестер Сити 4:2.