
Во сабота, во македонската амбасада во Брисел, правото на глас го искористиле 117 гласачи, македонски државјани, од вкупно 284 пријавени, денеска гласаа во македонската амбасада во Брисел, во рамки на гласањето на дијаспората за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.
Поголем број гласачи на гласачкото место 5003 во европската престолнина биле незадоволни затоа што иако биле уредно пријавени, сепак денеска не успеаја да го остварат своето гласачко право и да гласаат. Според избирачкиот одбор на гласачкото место во Кралството Белгија, точно 52 лица се вратени, бидејќи не биле на гласачкиот список. Имено, избирачкиот одбор на Државната изборна комисија во Брисел, појасни дека вкупно 284 лица биле запишани и имале право денеска да гласаат во Брисел, од кои над 90 проценти од пријавените гласачи тоа го сториле електронски, преку интернет, па велат дека оние кои денеска ги нема на списокот, најверојатно немале успешно интернет-пријавување.
Инаку, вкупно 20.573 македонски граѓани се запишани за гласање во дијаспората, кои ќе можат тоа право да го остварат во 46 дипломатско-конзуларни претставништва.
Четири политички партии и коалиции имаат свои кандидати во дијаспората, при што за еден да заземе место во македонското Собрание, треба да добие минимум 6.500 гласови.





