АБА лига: Трета победа за Карпош Соколи

Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа третата победа во АБА лигата, откако во саботата, славеа против Мега Лекс 75:72 (25:12, 13:25, 17:21, 20:14).

Карпош успеа да слави против Мега Лекс благодарение на добро одиграната прва четвртина и добриот финиш, во кој гостите имаа можност но не успеаја да изборат продолженија.

Домаќниот првиот период го доби 25:12, но во продолжение од натпреварот Мега саигра добро во одбраната и започна да доминира во скокот и со серија 8:23 израмни на 33:33.

По израмнувањето на паркетот се водеше голема борба, а во финишот мечот го решија Лабовиќ кој поентираше за два и Мавра кој погоди едно слободно фрлање.

Карпош Соколи до победата ги предводеа Лабовиќ и Вркиќ кои заедно искомбинираа 50 поени, Лабовиќ постигна 28, а Вркиќ 22.