Ракометарите на Вардар ја продолжија серијата без поаз во СЕХА лигата со победата над Цеље 33:31.
Македонскиот првак против Цеље ја запиша 11-та победа во 13-от меч во регионалната конкуренција и дополнителни се зацврсти на првата позиција на табелата.
Цеље му беше достоен противник на Вардар, но на крајот пресуди квалитетот на „црвено црните“, кои во последните три минути при резултат 30:30 постигнаа три гола, а примија еден за конечен триумф.
Вардар со оваа победа со голема веројатност го обезбеди првото место во регуларниот дел од сезоната, бидејќи најголемиот конкурент Веспрем, во саботата загуби од Загреб 27:23.
Карачиќ со шест гола и Штербик со 12 одбрани го предводеа Вардар до триумфот над Цеље.