
Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, до 11 часот забележани се помали неправилности, како јавно гласање, фотографирање гласачко ливче, повторен обид за гласљње и слично.
Граѓанската асоцијација мост има информации и за агитирање пред гласачко место, каде интервенирала полиција.
Во општина Теарце, едно ливче било откинато од кочанот заедно со серискиот број. За случајот е известена ОИК Теарце.
„На ГМ 1580/1 за кое известивме на претходната прес-конференција, избирачкиот одбор продолжува со толерирање на фотографирањето на ливчињата. Што се однесува до случајот на фотографирање на гласачко ливче во ГМ 2556, исто така од претходната прес-конференција, ливчето било изолирано и ќе биде сметано за неважечко“, рече Дарко Алексов од МОСТ.
Според податоците добиени паралелното пребројување на гласовите, математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици до 10 часот се движи од речиси 6 до речиси 12 отсто, при што најголема е излезноста во четвртата изборна единица, 11,84 отсто, а најмала во шестата изборна единица, 5,74 отсто.





