Цивил: Во Сарај се полнат кутии, гласаат и мртви

Изборниот ден поминува со низа нерегуларности, оцени невладината организација Цивил, чии активисти ги набљудуваат изборите.

Претседателот на организацијата Џабир Дерала, на прес-конференцијата, рече дека најголем проблем останува избирачкиот список, кој според него е во хаос, а над 1.000 луѓе не може да си го остварат правото на глас.

Тој рече дека во скопската Општина Сарај е забележано полнење гласачки кутии, и дека имаат потврда оти е гласано во име на четворица починати гласачи.

Дерала рече дека продолжуваат агитацијата и заплашувањето на гласачите, а избирачките одбори ја кршат изборната процедура.
„Или не знаат или не сакаат да ја спроведат прописно гласачката процедура“, рече тој, а предупреди дека семејното и групното гласање доживува подем во попладневните часови.