
Како што претходно информираа од ДИК, излезноста на предвремените парламентарни избори во Македонија, до 17 часот е 60,38 отсто, а обработени се 97,11 отсто од избирачките места.
До ДИК пристигнале 335 приговори за заштита на избирачките права, најмногу се жалеле на тоа дека ги нема во Избирачкиот список. Сите приговори се одбиени, затоа што е констатирано дека тие биле на спорниот список на гласачи, биле известени, а навреме не поднеле барање за да бидат впишани во Избирачкиот список.





