Проекции: СДСМ со три пратеника предност

Според последните проекции од изборните штабови во опозициските партии, СДСМ на крајот од апсолутното пребројување гласови освоила 52 до 53 мандати, додека ВМРО-ДПМНЕ освоила 50 мандати на гласањето во неделата.

Во моментов, аналитичарите велат дека треба да ги почекаат конечните резултати по изборните единици поединечно, кои ќе го дадат и соодносот на пратеници, по коишто и ќе се одредува вкупниот број освоени мандати.

Додаваат и дека, апсолутното водство од во моментов 2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, по 89 отсто преброен изборен материјал не може да го отслика вистинскиот конечен сооднос меѓу освоените мандати кај двете најголеми партии. Слично како што на американските претседателски избори демократската кандидатка Хилари Клинтон, освои два милиона повеќе гласови на национално ниво, но поради соодносот по сојузните држава, или спореден со изборните единици кај нас, беше конечен губитник на изборите.