Игуаин го реши Торино, Брозовиќ за победа на Интер

Јувентус ја задржа предноста над конкурентите и по 16-то коло во Серија А, кое в понеделник ќе биде комплетирано со дербито меѓу Рома и Милан. Јувентус во градското дерби го победи Торино со 3:1.

Доминацијата во Италија екипата на Јувентус ја потврди и во градското дерби со Торино, иако домаќинот со голот на Белоти прв стигна до предност. Во продолжение израмни Игуаин, а Аргентинецот победата на Јуве ја најави во 82. минута со својот втор гол, а триумфот го потврди Пјаниќ со голот постигнат во последната минута.

Во последниот неделен меч Интер со двата гола на Брозовиќ славеше против Џенова со 2:0. Горан Пандев за Џенова играше од 79. минута.

Нов пораз во ова коло забележа Палермо на Илија Несторовски. Бодовите од Сицилија ги однесе Киево со победата од 2:0.

Резултати:

Каљари-Наполи 0:5

Аталанта-Удинезе 1:3

Болоња-Емполи 0:0

Палермо-Киево 0:2

Торино-Јувентус 1:3

Интер-Џенова 2:0

понеделник, Фиорентина-Сасуоло и Рома-Милан.