Ибрахимовиќ: Во Њујорк Статуа на Слободата, во Шведска Статуа на Златан

Швеѓаните наскоро пред стадиното во Стокхолм ќе постатват 2,7 метри висока статуа, посветена на јадобриот фудбалер во историјата на оваа земја, Златан Ибрахимовиќ.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, го посетил ателјето и проверил како напредуваат работите на неговиот „двојник“.

„Во Њујорк ја имаат Статуата на Слободата, а во Шведска наскоро ќе имаат Статуа на Златан. Наскоро“, напишал популарниот фудбалер на својот профил на Инстаграм.

Ибрахимовиќ од репрезентацијата се прости на Европското првенство во Франција, за Шведска има постигнато 62 гола на 116 натпревари, а во кариерата на 646 натпревари има постигнато 381 гол.