Дедо загинал при пожар во куќа на внукот

Во неделата наутро, се запалила куќа во Битола, во која животот го загубил 80-годишен старец, вујко на сопственикот на куќата.

Како што соопшти полицијата, околу 6.30 часот во Битола на ул. „Мукос“, во куќа сопственост на Б.А.(38) настанал пожар во кој животот го загубил Ш.Ш. (80), вујко на сопственикот, кој престојувал во куќата. Во пожарот била опожарена и покуќнината.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.