Двајца полициски службеници биле нападнати со нож

На 13.12.2016 година во 20.40 часот во Битола, на ул. „Генерал Васко Карангелевски“  двајца полициски службеници биле нападнати со нож од страна на лицето Н.Д. (39).

Полициските службеници биле на должност по пријавено семејно насилство од страна на Н.Д., кој во алкохолизирана состојба вршел оштетување во домот и имал вербални расправии со сите присутни. Кога пристигнале полициските службеници , во еден момент Н.Д. со нож замавнал кон нив, но бил спречен во намерата по што истиот е приведен. Се преземаат мерки за целoсно расчитување на настанот.