Го натепал поради паркинг место

Во саботата околу 13 часот во Скопје на улица „Владимир Положановски“ позади трговскиот центар, 27-годишниот Н.С. од село Марино, бил нападнат со гумена палка од засега непознато лице кое било со возило „Цитроен Ц4“ и при тоа сторителот со гумената палка го оштетил и неговото возило „Рено Меган“.

Причина е недоразбирање во сообраќајот, односно паркинг место. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.