Постар човек загина во тешка сообраќајна незгода

Постар човек загина во тешка сообраќајна незгода што се случи во вторникот попладне на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол.

Несреќата се случила кога сега починатиот Шеза Ј. од селото Колибари, правувајќи автомобил „мерцедес“, сакал од локален да се вклучи на магистрален пат, по што на него налетало возило „ауди“.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево.