Пријави за инспектори во Државен пазарен инспекторат

НК за КР Ресен поднесе кривична пријава К.А. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ и против Л.М. (54) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, двајцата вработени како инспектори во Државен пазарен инспекторат.

К.А. во текот на 2015 година неоправдано отсуствувал од работното место 26 работни дена, а на списокот за редовност се водел како присутен. Во овие денови истиот патувал во странство, а последователно во времето кога бил присутен на работното место се потпишувал и за нив дека бил наводно присутен, со што извршил фалсификување на евиденцијата, а иако бил неоправдано отсустен пријавениот редовно ја примал платата со што го оштетил Буџетот на Р. Македонија. Л.М. како одговорен работник, иако била должна да ја води евиденцијата за присутност  на вработените, таа им ја оставила истата на вработените сами да се потпишуваат во неа, дали и кога се присутни на работните места без при тоа да врши контрола, со што му овозможила на првопријавениот да го стори кривичното дело.