Разбојници нападнале жена за 250 денари

Во четвртокот вечерта двајца разбојници нападнале жена во Штип, при што и одзеле ташна со 250 денари и лични документи.

Како што соопшти полицијата, во четвртокот, околу 20.50 часот во Штип, пред маркет на улицата „Љубен Иванов“ две непознати лица извршиле разбојништво над Л.С. (53) од Штип.

Додека Л.С. се движела по улицата почнале да ја следат сторителите и во еден момент ја престигнале. Едното лице ја фатило за устата и ѝ се заканило, а другото лице и ја одзело чантата во која имало паричник со околу 250 денари, лична карта и платежна картичка.
После тоа сторителите побегнале во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.