Се симнал од автобус, па го згазило комбе

Маж на возраст од 40 години загина кај село Колари, кога се симнал од автобус, па преминувбајчи го коловозот на необележано место бил прегазен од комбе, по што починал.

Имено, во понеделник вечерта, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај село Колари се случи сообраќајна несреќа во која на лице место животот го загуби лицето С.А од Скопје, роден 1976 година, соопшти обвинителството.

Во него удрило моторно возило – комбе со скопски регистарски таблички управувано од педесет и две годишен скопјанец.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувал од Скопје за Охрид и ја преминал коловозната лента на необележано место при што бил удрен од комбето.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од МВР. Дадени се Наредби за вршење на обдукција на починатиот и за сообраќајно техничко вештачење на возилото. Од првичните проверки  утврдено е дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол.

Истрагата продолжува со преземање на потребните дејствија во насока на расветлување на настанот.