Пријавените изминатите месеци во повеќе наврати неовластено набавувале и продавале дрога за одреден паричен надомест , а додека еден од пријавените овозможувал употреба на наркотична дрога.
Пронајдени се вкупно 10 неотворени шишиња метадон од по 10 мл. или вкупно 100 мл метадон , ампули диазепам, 0.49 грама кокаин спакован во најлонско пакување, 14.25 грама марихуана најлонски спакувана и 14 алуминиумски и најлонски пакувања со вкупна маса од 2.52 грама -хероин.