СВР Битола:Кривични пријави за „Тешка кражба“.

Секторот за Внатрешни работи Битола- НК за КР Ресен (05.12.2017), до ОЈО Ресен поднесе 2 кривични пријави против М.Ш. (19) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени 2 кривични дела  „Тешка кражба“ и „Тешка кражба“ во обид; и против Н.С. (33) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Тешка кражба“.

Пријавениот М.Ш. на 02.01.2017 година во с.Лавци, со употреба на алат (хебла) насилно влегол во три куќи, каде извршил пребарување во сите простории. Од едната куќа од спалната соба од сеф одзел 45 000 дански круни и други документи. Потоа пријавениот се упатил и во втората куќата, која се наоѓала во истиот двор, кадена ист начин влегол внатре, извршил пребарување, но не одзел ништо.Откако ги извршил делата незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

Пријавениот со превземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 370 000 денари.

Пријавениот Н.С. во временски период од 12.06.2017 година до 14.07.2017 година, во повеќе наврати преку влезната врата влегувал во хотел „Китка“ во Ресен, и со одвртување и сечење одзел околу 80 радијатори, а од кујната одзел 2 бојлери на струја од 80 литри, електричен шпорет,алуминиумски лонци, алуминиумски чајници, росвајтни чаши и друг кујнски прибор. Пријавениот одземените предмети ги подавал за старо железо во Ресен и Охрид.

Пријавениот со превземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 120 000 денари.