Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево. Тие се повредени, кога автобусот во кој се превезувале се судрил со комбе.

Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.