Акцијата на Стопанска банка Битола беше на врвот со промет

Во текот на средата на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 13.470.895 денари и беше реализиран преку 85 трансакции.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,36 отсто и достигна 2.224,27 индексни поени, додека ОМБ и остана непроменет.

Акцијата на Стопанска банка Битола беше на врвот со промет од околу 2,86 милиони денари.

Се истргуваа натпросечни 2.047 лотови, по просечна цена од 1.399,59 денари преку 13 трансакции.

Листата на „милионерите“ ја надополнија и акциите на Алкалоид АД Скопје со промет од 2,57 милиони денари и на Комерцијална банка АД Скопје со промет од 2,17 милиони денари.

Акцијата на Топлификација АД Скопје со најголем пад на вредноста од 6,63 проценти, а зад неа Стопанска банка Скопје со пад од 5,11 отсто.

Во текот на вчерашниот трговски ден обврзниците за денационализација отсуствуваа од дневните листи.