Движење на платниот биланс за септември 2016 година

Во септември 2016 година во тековната сметка е забележан суфицит од 27,3 милиони евра, додека во финансиската сметка се остварени нето-приливи врз основа на валути и депозити, заеми и портфолио инвестиции.

Тековните трансакции со нерезидентите во септември 2016 година доведоа до позитивно салдо во тековната сметка од 27,3 милиони евра, во услови кога суфицитите остварени кај секундарниот доход и размената на услуги (139,7 милиони евра и 28,2 милиони евра соодветно ) ги надминуваат дефицитите од стоковната размена и кај примарниот доход (117 милиони евра и 23,5 милиони евра, соодветно).

Во финансиската сметка, во септември бележиме нето-приливи од: валути и депозити (31,4 милиони евра), заеми (21,9 милиони евра) и портфолио инвестиции (4,8 милиони евра), а нето- одливите врз основа на трговските кредити (31,2 милиони евра) и директни инвестиции (22,5 милиони евра).

Девизните резерви бележат раст за 26,4 милиони евра.