Јавниот долг намален на Македонија за 1,4-процентни поени

Македонија во петокот отплати кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити банк и Дојче банк, со што јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени.

Како што соопштија од Министерството за финансии, кредитот од овие банки беше земен пред пет години, а истиот беше гарантиран од Светска банка.

Средствата за оваа исплата се обезбедени од еврообврзницата што беше издадена во јули годинава.