Прилепскиот комбинат почна со откупувањето на тутунот на сите пунктови

Прилепскиот комбинат веќе превзема 70 тони тутун од договорените три илјади, со вкупно четири илјади кооперанти. Просечната цена е повеќе од 190 денари, со рок на исплата за седум дена.

По воспоставената соработка со Philip Morris, состојбата на компанија се стабилизира, се зголемува обемот на производство, а со завршната сметка во 2015-та година првпат имаше добивка.

Комбинатот моментално има 420 вработени, се очекува реорганизација и ќе се укинуваат досегашните доели „Тутун“ и „Цигари“, а компанијата ќе остане како „Акционерско друштво Тутунски комбинат“. Официјалната реорганизација ќе се изврши по 28-ми ноември, за кога е закажано акционерското собрание.