„Пред дождот” на Манчевски – повод за дебата на професори од Бразил и Холандија

 “Култниот филм „Пред дождот” на Милчо Манчевски е навистина фантастично остварување, факт кој го потврдува дводневниот настан кој овој викенд ќе се оддржи во Кинотека на Македонија, а ќе биде посветен токму на овој филм поврзувајќи го со академска дебата на тема „Гледишта врз демократијата и човекови права.”

 Култниот филм „Пред дождот” на Милчо Манчевски е навистина фантастично остварување, факт кој го потврдува дводневниот настан кој овој викенд ќе се оддржи во Кинотека на Македонија, а ќе биде посветен токму на овој филм поврзувајќи го со академска дебата на тема „Гледишта врз демократијата и човекови права”.

Гости на дебатата, која ќе биде од отворен карактер се Giancrla Brunetto од Бразил, писател, сценарист и продуцент на документарни филмови која моментално работи и престојува во Порто а воедно е Доктор на науки по етика и политичка филозофија и, Evert van der Zweerde од Холандија, Професор по социјална и политичка филозофија на универзитетот Radboud во Нијмеген.

Агендата на дводневниот настан започнува на 27 декември (Сабота) во 16:00 часот со проекција на „Пред дождот”, по која ќе следува отворена дискусија на гостите со присутните. На 28 декември (Недела) со почеток во 17:00 часот ќе се оддржи еднодневен семинар посветен на теми од областа на демократијата и човековите права.

Настанот е во организација на Институт Республика, невладина организација посветена на развој на граѓанскиот сектор и негова активација и унапредување.