Доаѓа нов влажен бран

Нов влажен бран од запад кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во петок низ земјава, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
 

Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните и источните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а  во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет. Од понеделник ќе биде значително постудено со засилен северен ветер.