И НСДП со поддршка за објавувањето на „бомбата“ на Заев

И Новата социјалдемократска партија (НСДП) дава целосна поддршка во објавувањето на компромитирачките материјали на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Обврска е на секој граѓанин јавно да ги соопшти неговите сознанија за сите незаконски дејствија на претставниците на власта кои се штетни и опасни по стабилноста на државата.Затоа сметаме дека е крајно време власта да се соочи со вистината за нејзините штетни политики. Најдобра можност за тоа е обелоденување на сите сторени криминали, сета корупција и сите злоупотреби на власта. НСДП дава целосна и безрезервна подшка  на председателот на СДСМ, Зоран Заев, во обелоденување на вистината и на битката за враќање на демократијата, слободата и демократските вредности во Република Македонија“ се вели во соопштението на партијата.