„Младите за младите со љубов“ во општина Новаци

Викендов во општина Новаци невладиниот сектор работеше на подиогнување на општтата свест на тема човекови права.Имено тимовите на Форум 16 и Културно иновативниот клуб Новаци одржаа работилница на која учесниците имаа можност да се запознаат со концептот за човекови права, да се информираат што е говор на омраза, како да го препознаваат говорот на омраза во јавниот простор и на Интернет, и како и каде истиот да го пријават.

Учесниците се запознаа со кампањите на национално ниво кои се борат против говорот на омраза, како и со европските активности на No Hate Speech Movement.

Ваквите слични активности ќе продолжат и понатаму со цел и други млади од оваа општина да бидат информирани и активно вклучени.