Пресс на ЛДП Битола 21.06.2016

Последните неколку дена слушаме и гледаме како советниците од Вмр0 – Дпмне маки мачат да го одбранат Владимир Талески од обвинението за криминал тежок 360.000 евра.

Битолчани ги прашуваат овие советници дали го бранат Талески за стадионот што го изгради, дали го бранат за Офицерскиот дом што го реновира или можеби за фонтана пред музејот што ја руши или го бранат за незнајно потрошени  250 милини евра пари на битолчани.

Вие од Вмро -Дпмне треба да разберете дека ова што ви се случува не е сон. Владимир Талески ви е реалност кој ви е камен околу вратот и ве трга надолу и вас и вашата партија но пред се ја уништува Битола. И вие то го дозволувате, но битолчани нема да ви забораваат  . Сите вие што го браните Талески, за битолчани сте и ќе бидете исти како него

ЛДП бара од чесните членови на Вмро -Дпмне, значи не од оние што го бранат Талески, да им се извинат на битолчани што Вмро Дпмне 11 години го поддржува Талески

ЛДП исто така бара од Талески, веднаш да си поднесе оставка, со цел да го тргни срамот кој му го нанесе на Општина Битола.

Доколку Талекси не поднесе оставка тогаш советниците од ЛДП на првата наредна седница ќе побараме советот да изгласа препорака со која на Талески ќе му се препорача да си поднесе оставка, со што советот како орган на општината ќе се огради од обвинението за криминал тежок 360.000 евра.

Изјави  :Александар Касапов.